Додека сè уште трае летото, Селена Гомез објави нова денс песна. Во „Single soon“ 31-годишната музичка ѕвезда пее за возбудата што излегува од љубовна врска и повторно ќе биде сингл.
„Бидејќи не сум готова со новиот албум SG3, сакав да објавам песна која ја напишав неодамна и која е совршена за крајот на летото“ – напиша Селена на Instagram.
Спотот почнува со порака од нејзината сестричка Грејси. „Здраво, те сакам дада. Никогаш немој да се грижиш за момчиња. Воопшто“ – ѝ вели девојчето во пораката.