Ријана го повлекува орозот на пиштол и убива маж во новото емотивно видео за нејзината песна „Man Down“.
Во спотот, црвенокосата пејачка е безгрижна девојка полна со љубов и радост, но потоа еден момент ѝ го менува животот. Таа е силувана од маж кој го запознава на забава, истиот оној што ќе се најде на мета на нејзиниот пиштол.
Музичкото видео е режирано од Ентони Мендлер со кого Ријана соработуваше за „Take A Bow“, „Disturbia“, „Rehab“, „Russian Roulette“, „Te Amo“ и „Only Girl (In the World)“, а беше снимено на локации во Јамајка.
„Man Down“ е дел од најновиот албум на Ријана, Loud.