По три години пауза, Пинк ја сними својата прва песна. Се работи за музичката нумера „Just Like Fire“, која ќе биде дел од саундтракот на филмот „Alice Through The Looking Glass“.
36-годишната пејачка го објави спотот за новата песна во кој се појавуваат нејзината мала ќеркичка и сопругот Кери Харт.
Во видеозаписот, 4-годишната Вилоу влегува во магично огледало следејќи сина пеперутка, а потоа Пинк тргнува по неа и од другата страна излегува во Земјата на чудата.
Во интервју за People, Пинк неодамна изјавила дека ќеркичката ѝ била инспирација за песната. „Таа ми е инспирација за сè. Мислам на малите девојчиња како неа кога правам нешто од ваков тип, бидејќи сакам да биде забавно“ – рекла таа.