Марија Спасовска ги покажа своите вокални способности на првата проба за детската Евровизија.
На сцената во Минск, Белорусија, 13-годишната пејачка ја изведе песната „Дома“ со која ќе ја претставува Македонија на манифестацијата која ќе се одржи в недела.
Марија ќе настапи сама, а ќе изгледа како снегулка облечена во бело фустанче.