Обожавателите на Ријана и Coldplay конечно можат да го видат нивниот прв заеднички видеозапис за музичката соработка „Princess Of China“.
Вчера беше премиерата на официјалниот спот, режиран од Адрија Пети и Ален Биби. Видеото беше снимено во Лос Анџелес во април, а во него главните улоги ги имаат Ријана и Крис Мартин.
„Princess Of China“ е дел од најновиот студиски албум на Coldplay, „Mylo Xyloto“.