Никол Шерцингер објави два музички спота за нејзината песна „Right There“. Видеата во најголем дел се идентични, но во едното се појавува и 50 Cent, со кого Шерцингер соработуваше за ремиксот на песната.
32-годишната пејачка танцува сексапилно, облечена во секси облека во која доаѓа до израз нејзиното убаво тонирано тело. Во некои кадри на Никол ѝ се придружува и група танчерки, што по малку потсетува на нејзините спотови со Pussycat Dolls. Спотовите, чиј режисер е Пол Хантер, се снимани на улиците во Лос Анџелес.
„Right There“ е дел од првиот соло албум на Шерцингер, „Killer Love“.
Многумина сметаат дека песната и спотот наликуваат на стилот на Ријана. Што мислите вие?
И спотот со 50 Cent: