Најновиот спот на Лејди Гага е според нејзините чудни стандарди – бизарен, полн со луди креации, мрачен, но истовремено и забавен.
Видеото започнува со Лејди Гага облечена во црна облека и високи потпетици. 23-годишната пејачка чекори по пат во Небраска за повторно да го освои своето момче. Потоа следуваат редица чудни сцени во кои Гага се претвора во сирена, станува невеста и танцува во средината на поле со пченка.
Машкото алтер его на Лејди Гага, Џо Калдероне, исто така добива свое место во спотот.
Иако видеото делува комплицирано, според Лејди Гага идејата е многу едноставна. „Идејата на видеото е дека пешачев од Њујорк до Небраска за да си го вратам него. Пешачам без багаж, без ништо. Само јас, и моите глуждови на некој начин малку крварат, и имам трева заглавена во обувките. Идејата е дека кога си далеку од оној што го сакаш е вистинско измачување“ – објаснила Гага.
Сепак, во светот на Гага ништо не е толку едноставно...