Џон Леџенд ги развесели своите обожаватели со нова музика. 41-годишниот пејач ја објави песната „Bigger Love“.
Во спотот се појавуваат неговата сопруга Криси Тиген и нивните деца Мајлс и Луна, а покрај нив, во видеозаписот се вклучени луѓе од целиот свет, кои танцуваат, пеат и шират позитивност.
„Сакавме ова видео да биде голема музичка прегратка за сите луѓе ширум светот кои пронаоѓаат начини како да останат поврзани“ – вели славниот музичар.