Со голем концерт во арената „Филип Втори“ беше одбележан Денот на независноста на Република Македонија. Македонски и балкански музички ѕвезди настапија со преработки на стари македонски изворни песни пред над 61.000 лица.
Концертот „Македонското срце чука во 7/8“ ги донесе на една сцена браќата Тавитјан, Синтезис, Каролина Гочева, Игор Дурловски, Есма Реџепова, Калиопи, Влатко Лозаноски, Ламбе Алабаковски, Ристо Самарџиев, Тамара Тодевска, Тијана Дапчевиќ и многу познати музичари од балканските простори.