Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Кети Пери се забавува со Ребека Блек во спотот за „Last Friday Night“

ВИДЕО: Кети Пери се забавува со Ребека Блек во спотот за „Last Friday Night“

Два дена пред закажаната премиера на VEVO, долгоочекуваниот спот на Кети Пери за „Last Friday Night (T.G.I.F.)“ стигна до интернет корисниците.

Во видеото, покрај Кети Пери, се појавува и Ребека Блек, девојката којашто го освои YouTube со спотот за песната „Friday“.

На почетокот на спотот, Кети Пери влегува во улогата на „бубалицата“ Кети Бет Тери. Таа мамурна се буди в кревет до полуголо момче, опкружена со неред и заспани луѓе, не можејќи да се сети што се случило претходната вечер. Но, веднаш се вклучува онлајн и на една друштвена мрежа пронаоѓа слики од лудата забава од изминатата ноќ. Тогаш, започнува да се присетува...

Накратко, Кети Пери со помош на Ребека Блек успева од бубалица да се претвори во секси девојка за да го освои срцето на еден фраер.

„Last Friday Night (T.G.I.F.)“ е дел од најновиот албум на Кети, Teenage Dream.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.