Кети Пери е позната по своите колоритни костими и нормално е да се очекува дека за време на турнејата „Teenage Dream“ таа ќе продолжи да ги изненадува своите обожаватели со откачени разнобојни настапи.
Но, никој не очекуваше дека Кети ќе успее на сцена да пресоблече 8 фустани во текот на една песна. Со помош на магичен трик, 26-годишната пејачка го претвори настапот за „Hot N Cold“ во мини ревија.
Додека пееше „You change your mind like a girl changes clothes“, Кети Пери се преслекуваше на сцена, а публиката воодушевено врескаше.
На ова видео се „уловени“ 7 од фустаните: