„Til It Happens To You“ е новата песна на Лејди Гага посветена на жртвите на силување. Ексцентричната пејачка објави емотивен видеозапис во кој се прикажани три случаи на силување во студентски кампус, како и последиците од трауматичното искуство.
Лејди Гага ја сними моќната балада за документарниот филм „The Hunting Ground“, фокусиран на силувањето во студентските домови во САД. Спотот вклучува и шокантен факт кој покажува колку е голем проблемот, односно дека секоја петта девојка на колеџ ќе биде жртва на сексуално насилство годинава доколку нешто не се промени.
Пред неколку месеци Лејди Гага отворено проговори за тоа дека била силувана на 19 години. Иако не го откри идентитетот на мажот, таа сподели дека тој бил 20 години повозрасен од неа.