Green Day ги израдуваа своите обожаватели со нов спот. Американскиот бенд го објави видеозаписот за песната „Oh Love“.
Во видеото тие настапуваат пред неколку модели кои заводливо позираат на кревет поставен во средината на несредена соба. Спотот е дело на Семјуел Бајер, со кого бендот има соработувано неколку пати претходно.
„Oh Love“ е водечки сингл од новиот албум на Green Day, „¡Uno!“. Веднаш по објавувањето на „¡Uno!“, бендот планира да издаде уште два нови албума, „¡Dos!“ и „¡Tré!“.