„Бегаме“ е новото музичко остварување на Дани Димитровска во соработка со Бранислав Николов од групата Фолтин, или познат како Пијан Славеј.
Музиката и текстот се на Весна Малинова, а аранжманот го потпишува Јордан Манов кој продукциски застанува зад ова дело.
„Бегаме е одраз на човековата површност во модерниов колектив; отуѓеност, раздвоеност во суперлатив... страв од одговорност и посветеност како начин на функционирање“ – вели Дани.
Интересен податок е тоа што главните протагонисти во ова видео се вистински љубовен пар во реалниот свет. Лазар и неговата девојка Сара се препознаа во „Бегаме” и со задоволство прифатија да ја „одиграат” својата врска пред камера.