Дани Димитровска со Етно&Џез и мултиталентираниот Никола Мицевски ја продолжуваат низата на возобновени стари македонски песни. Најновото од нивната плодна соработка е свежо издание на „Дејгиди, луди млади години“.
Видео
Etno&Jazz проектот е состав содржан од докажани уметници кои успешно го враќаат автентичното; пласирајќи се на еден ненаметлив, лежерен начин, истакнувајќи ја круцијалната суштина за одговор на големото ЗОШТО се одлучиле за еден ваков засебен проект тотално различен од своите авторски делувања.
„Бидејќи е белег, жиг, отисок од прст кои сите го имаме. Бидејќи во суштината сме Едно“, ќе рече Дани.
Полина Тасева и Агни Авшар се дел од вокалниот, а Иван Бејков, Дино Милосавлевиќ, Владимир Крстев, Петар Христов се дел од инструменталниот дел од составот. Николче Мицевски е пијанистот одговорен за аранжманот на песните. Убавината на овој проект е токму во соработката меѓу музичарите на едно поинакво ниво, а во планираниот албум гостуваат и други наши врвни музичари. Како заокружување на овој проект тандемот Дани и Николче најавуваат концерт во МОБ со 90 минутен репертоар.


