Сем Смит ја сними насловната песна за новиот филм за Џејмс Бонд „Spectre“. 23-годишниот пејач неколку дена ја најавуваше нумерата „Writing's on the Wall“, која денес беше објавена на музичката платформа Spotify.
Баладата била снимена во Англија, а текстот е резултат на соработката на Смит и музичарот и текстописец Џими Нејпс.
„Spectre“ ќе биде прикажан во киносалите ширум светот на 6 ноември. Погледнете го трејлерот: