Македонскиот женски бенд The Chicks ја објави својата трета авторска песна.
Сандра, Наталија и Моника со песната „Travelers“ сакаат да им го разубават периодот на изолација на македонската публика.
„Во ова време кога сите сме дома и минеме низ тежок период, ова е подарокот кој што ние го спремивме за нашата публика, за да ги разведриме и да им го разубавиме седењето дома“ – велат тие.
Текстот е дело на The Chicks, додека за музиката и аранжманот се погрижи Александар Чекреџи – Чекре.