Десет години по првата музичка соработка за „Everything Has Changed“, Ед Ширан и Тејлор Свифт снимија нова песна, насловена „The Joker and The Queen“.
Видеото за истата е продолжение на приказната од „Everything Has Changed“ и ги прикажува истите актери, но тие повеќе не се деца, туку студенти.
„Ова видео ме натера да помислам на нашето пријателство низ сите овие години. Исто така, не ми се верува дека се вратија Џек и Ева од видеото ‘Everything Has Changed’ и дека го направија ова. Носталгичен рај“ – напиша Тејлор на Instagram.
„Со Тејлор се запознавме, ја напишавме и снимивме нашата прва заедничка песна во 2012 година, пред 10 години, и сум почестен што ја имам во оваа песна. Не само што е најдобрата пејачка/текстописец во светот, туку и ми е многу блиска пријателка и сум среќен што ја имам во мојот живот. Во музичкото видео ги имаме децата од ‘Everything Has Changed’, пораснати и на колеџ“ – напиша Ед.