Тејлор Свифт го објави спотот за новата песна која ја сними во соработка со Ед Ширан и Фјучр.
Во видеозаписот за „End Game“, музичкото трио се забавува на новогодишни прослави во Мајами, Токио и Лондон. Спотот е снимен под режисерската палка на Џозеф Кан.
„End Game“ е дел од шестиот студиски албум на Свифт насловен „Reputation“.