Лејди Гага си го одржа ветувањето. Таа им вети на своите „мали чудовишта“ дека на Божиќ ќе ги изненади со нова досега необјавена песна, па така и направи. Но, оние кои очекуваа божиќниот подарок од Гага да биде во духот на празниците, се излажаа.
Песната има потреба од мала цензура, поради послободниот избор на зборови. Лејди Гага објасни дека песната била снимена во автобусот со кој патувала за време на турнејата „Monster Ball“ и дека добар дел од неа е фристајл изведба. Автор на песната е самата 25-годишна пејачка.