Џенифер Лопез очигледно активно го промовира нејзиниот нов албум „Love?“ кој требаше да излезе минатата година, но неговото појавување беше одложено.
За време на викендот се појави нова денс песна од Џеј Ло, „On The Floor“, којашто е нејзина соработка со Питбул. Песната користи дел од мелодијата на хитот „Lambada“.
Денес пак „истече“ уште една песна од 41-годишната актерка и пејачка. „Venus“ е обработка на истоимениот мега-хит на Shocking Blue's од 1969г. Иако и „Venus“ е од истиот продуцент, најверојатно нема да се појави на новиот албум на Џеј Ло, туку ќе биде искористена за реклама на брендот Gillette.
Освен со две песни, обожавателите на Лопез беа почестени и со кратко видео кое има за цел да го најави нејзиниот спот за синглот „Good Hit“.
Судејќи според она што досега го најавува албумот на Џенифер, може да се каже дека ќе ѝ биде тешко оваа година да се конкурира со хитовите кои ги подготвуваат музичките ѕвезди од калибарот на Лејди Гага и Бритни Спирс.