Последната песна на Џенифер Лопез, „On The Floor“, стана голем хит, па не помина долго време пред познатата актерка и пејачка да ги израдува своите фанови со нов сингл.
„Invading My Mind“ е песна напишана и продуцирана од Лејди Гага и RedOne. Таа е една од двете песни на Гага наменети за новиот албум на Џеј Ло, „Love?“.
Ова не е прв пат Лејди Гага да соработува на ваков начин со друга музичка ѕвезда. Ексцентричната пејачка е автор на песните „Video Phone“ на Бијонсе, „Quicksand“ на Бритни Спирс и „Fever“ на Адам Ламберт.