Лана Дел Реј со балада одговори на масакрите во Ел Пасо и Дејтон, во кои згаснаа десетици невини животи.
Песната е насловена „Looking For America“ и таа ја напишала по неодамнешните крвопролевања во САД, кои повторно ги разгореа дискусиите за законот и дозволите за поседување оружје.
Новиот албум на Лана, „Norman F–king Rockwell“ ќе биде објавен овој месец, но засега нема информации дали „Looking For America“ ќе биде дел од него.