Бијонсе се враќа на музичката сцена со песната „Girls (Who Run the World)“. Ова е првиот сингл од најновиот албум на 29-годишната пејачка, за кој се зборува веќе подолго време.
Спотот за песната се снимаше минатата недела во Калифорнија, но сè уште нема официјална дата кога ќе биде неговата премиера.
„Го снимав видеото на Бијонсе во почетокот на минатата недела и беше многу забавно, особено затоа што немав направено спот од 2009 година. Видеото е за песната 'Girls', од нејзиниот нов албум. Сигурно ќе ме застрела ако кажам уште нешто друго... некои работи веќе „истекоа“ и таа не беше среќна за тоа, па се заколнав да чувам тајна“ – изјавила Франсис Лоренс за MTV.
Слушнете ја демо верзијата на „Girls (Who Run the World)“.
Дополнување (21.04.2011):
Денес излезе и официјалната верзија на песната „Run the World (Girls)“, која е напишана од Бијонсе и The Dream. Продуцент на песната е Switch, а за неа е користен семпл од „Pon De Floor“.