Почетна » Новости » Музика » „Face it Alone“: Queen објави изгубена песна снимена со Фреди Меркјури пред повеќе од 30 години

„Face it Alone“: Queen објави изгубена песна снимена со Фреди Меркјури пред повеќе од 30 години

30 години по смртта на единствениот Фреди Меркјури, британскиот бенд Queen ја објави изгубената песна „Face it Alone“.

Песната била снимена со Фреди во 1988 година, но не била поставена на албумот „The Miracle“. Продуцентскиот тим на бендот ја нашол додека го подготвувале реизданието на албумот, чија промоција се очекува на средината од ноември. Слушнете ја:

Queen

Во 2014 година, Queen го издаде албумот „Queen Forever“. На него беа поставени 3 дотогаш непознати песни со покојниот пејач: „Let Me In Your Heart Again“, „Love Kills“ и „There Must Be More to Life Than This“.

Бендот Queen го сочинуваа Меркјури, Брајан Меј, Роџер Тејлор и Џон Дикон. Основан е во 1970 година, а планетарно се прослави со песните „Bohemian Rhapsody“ и „We Will Rock You“.

Queen

„Queen's Greatest Hits“ е најпродаваниот албум во Велика Британија на сите времиња.

Снимањето на албумот „The Miracle“ започна неколку месеци откако Фреди дозна дека е болен. Песната „Face it Alone“ ја истакнува неговата борба и жестокост, психолошката драма во неговиот живот.

Queen

Фреди Меркјури важи за еден од најмоќните вокали во светот. Почина во 1991 како последица од компликации од СИДА, на 45-годишна возраст.

Queen

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.