Дуа Липа го објави спотот за песната која ја сними за филмот „Barbie“ со Рајан Гослинг и Марго Роби.
27-годишната пејачка со потекло од Косово танцува, пее и се забавува во стилот на Барби, покажувајќи ги своите таленти. Накратко, во спотот се појавуваат и Марго Роби, Иса Реј и Ема Маки, кои заедно со Липа во филмот имаат улоги на Барби кукли.
Новото дело на режисерката Грета Гервиг ќе започне да се прикажува на 21 јули.