Шер ја раздвижи публиката на ревијата на Victoria’s Secret со изведба на хитови како „Believe“. 78-годишната музичарка со динамична енергија го збогати шоуто кое се одржа во Њујорк.
На розовиот тепих пред модниот спектакл, Шер зачекори за рака со Александар Едвардс. Музичката икона си размени и нежности со 38-годишниот рапер пред да се упати за подготовки зад сцената.
„Многу сум горда што жените можат на многу начини, не на сите начини, да си пронајдат своја судбина“ – рече таа.