Колинда Грабар-Китаровиќ присуствуваше на конференцијата „Жени на власт“ во Њујорк. Хрватската претседателка привлече лавина комплименти за модниот избор.
На настанот, 50-годишната политичарка се појави во елегантно деловно издание.
Колинда одржа и билатерален состанок со Антонио Гутерес, генералниот секретар на Обединетите Нации.
За време на својот престој во Њујорк, Колинда се сретна и со потпретседателката на Колумбија, Марта Лусија Рамирес. За оваа пригода, таа носеше зелен фустан.