Колинда Грабар-Китаровиќ повторно привлече бран комплименти со едноставен стајлинг кој зрачи со елеганција.
Хрватската претседателка вчера се сретна со лица со Даунов синдром од Загреб. Средбата беше по повод одбележувањето на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром.
„Секое дете има право на свое детство и потполна вклученост во друштвениот и целокупниот живот, а личностите со инвалидитет заслужуваат еднаква шанса како и останатите граѓани“ - стои во пораката на Колинда.
50-годишната политичарка истиот ден го пречека германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер. За официјалната средба, таа го надополни стајлингот со брош во форма на пеперутка и бисерен накит.