Хејли Бибер стави акцент на долгите, тонирани нозе со аутфит кој ги следи актуелните модни тенденции.

24-годишниот модел беше фотографиран во Беверли Хилс во младешка комбинација со тексас шорцеви. Впечатливото сако во неонско-зелена нијанса е од брендот Kwaidan Editions додека сандалите и чантата доаѓаат од италијанската модна куќа Bottega Veneta.










Еден ден претходно, Хејли „влета“ во радарот на папараците во поелегантно издание заедно со сопругот Џастин Бибер.





