Откако ги откажа концертите поради дијагностицирањето со реткиот синдром „Рамзи Хант“, Џастин Бибер отпатува на летување во Ајдахо.
28-годишниот музичар минатиот месец откри дека има привремена парализа на лицето, а сега беше фотографиран додека се забавуваше со сопругата Хејли, пејачот Ашер, Џејсон Кенеди и други пријатели. Од фотографиите се гледа дека тој повторно може да се смее.
Минатиот месец, Џастин ја сподели веста за парализата на лицето преку видео на Instagram.