Миланка Рашиќ традиционално е дел од „Браќа Манаки“.
На свеченото отворање на Фестивалот на филмската камера во Битола, македонската водителка зрачеше со елеганција и харизма во впечатлива креација и доби многу комплименти за изгледот.
Фустанот, во кој Миланка чекореше на црвениот тепих пред Центарот за култура во Градот на конзулите, доаѓа од бутикот „Ермитаж“ со кој таа веќе неколку години негува блиска соработка.
За соработката со „Ермитаж“, Рашиќ ни има изјавено: „Успешно соработуваме и во сите мои емисии за филм, како и на фестивали и премиери“.
Фото: Ивона Кочов / Александар Василевски / Femina.mk