Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Софија Вергара на „Златен глобус“ носеше накит од $5.000.000

ФОТО: Софија Вергара на „Златен глобус“ носеше накит од $5.000.000

Софија Вергара не помина незабележана на вчерашното доделување на наградите „Златен глобус“. 39-годишната актерка изгледаше како морска божица во темно сина тоалета на Вера Ванг со силуета на сирена.

Но, освен со модната креација, Вергара го привлече вниманието и со блескавиот накит од Хери Винстон кој чини повеќе од 5 милиони долари. Забавната бринета носеше обетки, две белезици и два прстена од колекцијата Хери Винстон.

Софија Вергара

„Се чувствувам како пет милиони долари“ – рекла Софија за NBC.

Вергара уште повеќе ги сврти погледите кон себе кога изјави дека не носи гаќички под гламурозната тоалета. „Не носам ништо. Зошто да носам, не ми треба“ – изјавила таа и признала дека вежбала по двапати дневно за да се приготви за појавата на црвениот тепих.

Накитот на Софија ВергараНакитот на Софија Вергара

Со богатиот изглед Вергара најверојатно се искачи на врвот на листата на ѕвезди со најскап стајлинг на манифестацијата „Златен глобус“. Минатата година Џенифер Лопез исто така се појави на доделувањето на „Златен глобус“ со накит од Хери Винстон во вредност од 5 милиони долари.

Џенифер Лопез на „Златен глобус 2011“Џенифер Лопез на „Златен глобус 2011“

Само обетките на Џеј Ло чинеа 3 милиони долари.

Џенифер Лопез

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.