Кендис Сванапул лежи во „кревет“ со златни светулки додека позира топлес за новата рекламна кампања на модниот бренд „Colcci“.
Познатиот ангел на „Victoria’s Secret“ носи на себе само фармерки од колекцијата „Luxury“ на бразилската компанија. Од „Colcci“ тврдат дека новата колекција фармерки ги дефинира женските облини и го подигнува задникот.
Кендис всушност ја заменува нејзината колешка Алесандра Амбросио, која пред две недели го роди своето второ дете.
Алесандра и Ештон Кучер веќе неколку сезони се заштитни лица на „Colcci“, а нивната соработка ќе продолжи и понатаму. Најавено е дека уште во јуни Алесандра ќе го продолжи снимањето на кампањи.
Погледнете и видео од снимањето на кампањата: