Пролетта е на прагот, па Ева Мендес не пропушти да ја претстави својата нова романтична колекција.
43-годишната актерка ја продолжи соработката со брендот „New York & Company“ и дизајнираше пролетна колекција, што се фокусира на романсата и тропските мотиви, а е инспирирана од Куба. Како и секогаш, Ева сама ги претстави своите модели во колоритна кампања.
„Многу, многу, многу сум возбудена што ви ја претставувам мојата нова пролетна колекција, во која фокусот е на тропските принтови и романсата – со вас! Се чувствував инспирирана од моето кубанско потекло додека ја дизајнирав оваа колекција, која е и моја најголема колекција досега.“
„Принтот со палми е еден од моите омилени, тој е егзотичен и безвременски. Исто така бев инспирирана од ананасите“ – вели Мендес.