Ријана го покажа својот сексапил во најновите фотографии за брендовите Emporio Armani Underwear и Armani Jeans.
На фотографиите од рекламната кампања 23-годишната пејачка самоуверено позира по долна облека и фармерки од престижните брендови.
Ријана е наследничка на Меган Фокс, која беше рекламно лице за претходната кампања. На листата на ѕвезди кои ги имаат промовирано овие брендови се и Рафаел Надал, Кристијано Роналдо и Дејвид Бекам.