Соработката на Ријана и Армани продолжува. Во првата кампања ја видовме Ријана како бестрашна и самоуверена русокоса која не се плаши да го покаже својот сексапил. Втората кампања има малку поинаква тематика. На фотографиите славната пејачка позира повоздржано, речиси срамежливо.
Иако на црно-белите фотографии Ријана не покажува многу кожа, сепак изгледа доволно секси за да го зачува сексапилниот тон што отсекогаш го имале кампањите на Emporio Armani Underwear и Armani Jeans.
Претходната кампања на Рири за Армани беше прогласена за најсекси рекламна кампања за 2011 година.