Почетна » Новости » Мода » Ријана е новото заштитно лице на Армани

Ријана е новото заштитно лице на Армани

Една од најжешките и најактуелни пејачки потпиша договор за соработка со Емпорио Армани. Официјално е потврдено дека Ријана е ново заштитно лице на колекциите долна облека и џинс од познатиот дизајнер Џорџо Армани.

Ријана

23-годишната ѕвезда ќе ѝ се приклучи на популарната група заштитни лица на Армани, во која спаѓаат Меган Фокс, Рафаел Надал и Викторија и Дејвид Бекам.

Но, новиот договор не значи дека Ријана целосно ќе ја замени Меган Фокс. Фокс ќе продолжи да биде заштитно лице на козметиката на Армани.

Рекламната кампања со Ријана за сезоната есен/зима 2011 ќе се снима во Њујорк, а ќе биде објавена во септември.

Ова не е прва соработка на Ријана со бјути или моден бренд. Досега таа имаше блиска соработка со Nivea, CoverGirl и Gucci.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20790 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.