Ријана ја продлабочи соработката со Диор. 28-годишната пејачка ја дизајнираше својата прва колекција очила за сонце за реномираната модна куќа и сними фотосесија за да ги промовира своите дела.
На фотографиите, музичката ѕвезда позира во тесен комбинезон, а фокусот е ставен на футуристичките очила.
Кампањата е снимена под палката на модниот фотограф Жан-Батист Мондино.
При дизајнирањето, Ријана се инспирирала од ликот Џорди Ла Форж од „Star Trek“. „Отсекогаш бев опседната со овие очила. Кога отидов во Диор и ги видов сите материјали со кои можам да си играм, тогаш се роди идејата“ – изјавила Ријана.
Минатата година Ријана беше ѕвезда во кампања за популарниот француски бренд снимена во Версајскиот дворец.