Армани уште еднаш ја израдува женската публика со нови фотографии од есенската кампања на брендот Emporio Armani Underwear, во која главна ѕвезда е Рафаел Надал.
25-годишниот Шпанец го покажа своето атлетски градено тело пред објективот на Стивен Клајн. Црно-белите фотографии од кампањата се појавија само неколку недели по објавувањето на рекламните фотографии за Emporio Armani Jeans.
Тениската ѕвезда е рекламно лице на брендот заедно со Ријана, која ја замени атрактивната Меган Фокс.
Ако ви се допаднаа фотографиите, ѕирнете го и видеото од „зад сцената“ на снимањето на кампањата.