Откако Ријана се соблече за модната куќа Армани, само прашање на време беше кога нејзиниот партнер од новата рекламна кампања, Рафаел Надал, ќе тргне по нејзините стапки.
Во видеото шпанскиот тенисер се соблекува додека трча низ празен подземен паркинг. Кога ќе остане само по боксерки, започнува повторно да се облекува, но овој пат во кежуал облека.
Краткиот филм е дел од рекламната кампања есен/зима 2011-2012 на брендовите Emporio Armani Underwear и Armani Jeans.