По рекламата со Меган Фокс, редно време беше да се појави и рекламата со Рафаел Надал за Армани.
Во црно-белото видео познатиот тенисер е облечен прво по долна облека, а потоа само по фармерки, додека камерата го „скенира“ неговото тело. Видеото е дел од рекламната кампања на Армани за сезоната пролет/лето 2011.
„Тој секогаш избира интересна облека за тенис, како долги панталони или блузи со долги ракави, тој носи и многу различни бои. Не само што е неверојатен спортист, туку тој е и уметник. Многу сум горда што му се придружи на нашето семејство“ – неодамна изјавила Роберта Армани.
Одлуката на Надал да се приклучи во кампањата изненади многу негови обожаватели, бидејќи 24-годишниот тенисер е познат по тоа што е срамежлив.
Но, очигледно Надал се има збогувано со срамежливоста затоа што во видеото воопшто не изгледа како да е вознемирен од тоа што е полугол или што е пред камера.