Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Раф Симонс воодушеви со првата колекција за Диор

ФОТО: Раф Симонс воодушеви со првата колекција за Диор

Најочекуваната ревија на Париската недела на високата мода беше онаа на Диор. Очите на модните критичари будно го очекуваа прикажувањето на првата колекција на Раф Симонс за Кристијан Диор.

Видни дизајнери како Марк Џејкобс, Донатела Версаче, Дајен фон Фирстенберг и Албер Елбаз одблиску ја проследија атрактивната ревија на висока мода која доби само пофалби и аплаузи. Модниот свет му го даде својот благослов на Раф, кој понуди примамлив микс на неговиот препознатлив минимализам и женственоста карактеристична за Диор.

„Беше апсолутно поетично“ – искоментирал Елбаз.

„Апсолутно величествено“ – рекол Џејкобс за колекцијата.

„Пред шоуто тешко ми беше да си замислам што Раф би направил за Диор, но уште од првиот претставен изглед денес, сè доби смисла“ – рекла Версаче.

Колекцијата на некој начин беше тивка ода на силуетата на песочен часовник, претставена од основачот на француската модна куќа во 1947 година, но модернизирана со уметничката едноставност на Симонс. Преку креации со волумен на колковите, Раф долови женствена форма која ја пренесе на мини фустани искомбинирани со панталони и вечерни кратки и долги тоалети.

Опсесијата на Диор со цвеќињата не беше игнорирана од наследникот на Џон Галијано. Ѕидовите во просторијата на шоуто целосно беа прекриени со цветови во различни бои.

Колекција Диор
Колекција Диор Колекција Диор
Колекција Диор Колекција Диор
Колекција Диор Колекција Диор
Колекција Диор Колекција Диор
Колекција Диор Колекција Диор
Колекција Диор Колекција Диор
Колекција Диор Колекција Диор
Колекција Диор Колекција Диор
Колекција Диор Колекција Диор
Колекција Диор Колекција Диор
Колекција Диор Колекција Диор
Колекција Диор Колекција Диор
Колекција Диор Колекција Диор
Колекција Диор Колекција Диор
Колекција Диор Колекција Диор

Видео од ревијата:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19918 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.