Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Колекцијата висока мода на Версаче – есен/зима 2012

ФОТО: Колекцијата висока мода на Версаче – есен/зима 2012

Префинетост и сексапил зрачеше од секоја креација презентирана на ревијата висока мода на Atelier Versace за сезоната есен/зима 2012-2013. Донатела Версаче се врати во хотелот Риц во Париз каде што нејзиниот покоен брат ги покажуваше своите легендарни колекции и каде што беше нивната последна средба.

„Беше многу емотивно. Морав да си ја зголемам храброста за да се вратам тука“ – изјавила Донатела по завршувањето на шоуто.

Ревијата ја започна Линдзи Виксон со краток фустан со А-линија чиј горен дел наликуваше на тренч мантил. Веднаш по неа беа прикажани повеќе од 20 креации кои го носеа печатот на Версаче – високи шлицови, марама принтови, амблеми со карактеристичната медуза...

„Беше ултра секси и женствено, токму како што би посакале од Версаче“ – изјавила Лусинда Чемберс.

„Секси, силни, воинствени“ – дополнила Џесика Алба која ја следеше ревијата од првиот ред.

Донатела Версаче го означи почетокот на сезоната на високата мода, ставајќи ги на пиедестал мајсторски изработените креации кои чинат од 19.000-125.000 долари.

Колекција Atelier Versace Колекција Atelier Versace

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19921 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.