Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Андреј Пејиќ како вистинска дива на театралното шоу на Готје

ФОТО: Андреј Пејиќ како вистинска дива на театралното шоу на Готје

Ревиите на Жан Пол Готје им се омилени на оние кои се желни за драма. Театралните колекции кои кријат одредена доза провокативност и ексцентричност се препознатливи за неговиот дизајнерски стил.

Новата колекција висока мода на Гојте не ја разочара неговата верна публика, но од друга страна доби мешани критики. Додека некои ја пофалија неговата доследност и креативност, други ја опишаа колекцијата како хаотична.

Минатата година музата на Готје беше Ејми Вајнхаус, а оваа година во таа улога влезе рокерот Пит Доерти, кој долги годни се бореше со својата зависност од дрога.

Колекцијата претставена за време на Париската недела на високата мода беше исполнета со блесок, крзна, проѕирни материјали. За огромна радост на публиката, монотонијата на црното често беше разбивана со експлозија од бои, интензивирајќи го впечатокот.

Андреј Пејиќ стана редовен учесник на ревиите на Готје. Откако минатата година крена прашина бидејќи беше „невестата“ на ревијата, оваа година Пејиќ повторно дефилираше во женска облека. Како вистинска дива Пејиќ ги носеше провидните креации додека присутните му се восхитуваа за уникатната убавина.

Андреј ПејиќАндреј Пејиќ Андреј Пејиќ Карли Клос
Колекција Жан Пол Готје Колекција Жан Пол Готје
Колекција Жан Пол Готје Колекција Жан Пол Готје
Колекција Жан Пол Готје Колекција Жан Пол Готје
Колекција Жан Пол Готје Колекција Жан Пол Готје
Колекција Жан Пол Готје Колекција Жан Пол Готје
Колекција Жан Пол Готје Колекција Жан Пол Готје
Колекција Жан Пол Готје Колекција Жан Пол Готје
Колекција Жан Пол Готје

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19921 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.