Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Диор ја отвори Париската недела на високата мода есен/зима 2011

ФОТО: Диор ја отвори Париската недела на високата мода есен/зима 2011

Модната куќа Диор ја имаше честа да ја отвори модната недела на високата мода во Париз за време на која најистакнатите дизајнери ќе ги покажат своите префинети колекции за сезоната есен/зима 2011.

За првпат во 15 години на крајот од ревијата не се поклони генијалниот Џон Галијано. Аплаузите за колоритната ревија ги примија Бил Гејтен и асистентката Сузана Венегас. Гејтен, кој 23 години работеше со Галијано, минатата недела беше именуван за наследник на брендот Џон Галијано, но засега нема индикации дека ќе го преземе кормилото и во Диор.

„Не брзаме, ние сакаме да најдеме долгорочно решение... Сите опции се отворени“ – изјавил за новинарите Сидни Толедано, извршниот директор на Диор.

Колекцијата изобилуваше со големи сукњи во форма на цветови, графички принтови, многу слоеви и набори, плисирани фустани и сукњи, раскошни тоалети, бои кои потсетуваа на бонбони... Сè на сè, еклектична колекција.

Диор висока мода есен/зима 2011 Диор висока мода есен/зима 2011

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19921 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.