Александра Тројановска ќе ја претставува нашата земја на овогодишниот натпревар за убавина „Miss Globe“.
25-годишната девојка од Крива Паланка победи во финалето на изборот „Мис Македонија за Мис Глоуб 2016“, кое се одржа во Виница. За прва придружничка беше прогласена Анѓела Ставреска од Охрид, а титулата втора придружничка ѝ припадна на Андријана Илиоска од Скопје.
Финалистките се претставија во четири изданија.
„Miss Globe 2016“ ќе се одржи на 25 ноември во Тирана, Албанија.
Минатата година наша претставничка на „Miss Globe“ во Торонто, Канада, беше Елена Анѓеловска.