Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Најскапоцените чевли на светот што чинат 140.000 евра

ФОТО: Најскапоцените чевли на светот што чинат 140.000 евра

За да ја прослави својата улога на официјален партнер на Канскиот филмски фестивал, Шопард се здружи со познатиот италијански дизајнер на чевли Џузепе Ѕаноти за да создадат уникатен комплет скапоцени обетки и чевли.

Најскапоцените чевли на светот

Обувките кои се наречени „најскапоцените чевли на светот“ се изработени од розов сатен и луксузен микс од 600 скапоцени камења (дијаманти, розови сафири и рубини). За да не бидат помалку луксузни, обетките се изработени од 18 каратно розово злато, 48 дијаманти и 360 розови сафири.

Најскапоцените чевли на светот

Скапоцениот сет беше презентиран вчера на добротворната гала вечер на amfAR за собирање на средства против сидата. Нив ги носеше моделот Ања Рубик во комбинација со фустан на Пучи со пердуви во бебешко сина боја.

Најскапоцените чевли на светотАња Рубик ги носеше најскапоцените чевли на светот

„Ги носам, а мојот телохранител е моја сенка“ – изјавила долгоногата манекенка. А, кога ја запрашале дали е среќна со скапоцените чевли, таа одговорила: „Се надевав на повеќе. Јас сум многу амбициозна“.

Најскапоцените чевли на светот

Чевлите, како и многу други предмети, беа ставени на аукција и достигнаа цена од 140 000 евра.

Ања и Ева ХерциговаАња и Ева Херцигова ги покажуваат луксузните обетки (можеби на Ева не ѝ се допаднаа особено)

На гала вечерта присуствуваа многу славни личности, меѓу кои и Гвен Стефани со нејзиниот сопруг, Карл Лагерфелд, Ева Херцигова, Џенет Џексон и Миша Бартон, а беа собрани рекордни 10 милиони долари.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20994 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.