Почетна » Новости » Занимливости » Дали би носеле штикли од 23 сантиметри?

Дали би носеле штикли од 23 сантиметри?

Високите потпетици стануваат голем хит меѓу обожавателките на Лејди Гага. Поради големата побарувачка на екстремно високи штикли, во Велика Британија ќе бидат пуштени во продажба чевли со штикла од 23 сантиметри (9 инчи).

Sky HighДигитална илустрација на чевлите Sky High

Чевлите наречени „Sky High“ се планира да бидат највисоките обувки достапни за секого. Убиствено високите штикли кои ќе се продаваат од наредната година ќе можат да се купат во блескаво црвена и златна боја.

Претставник на фирмата која се решила на ваков чекор изјавил: „Идејата за чевлите Sky High е поддржана од побарувачката на потрошувачите да го имитираат изгледот на славните“.

Лудост или добра тактика за освојување на потрошувачите?

Едни од омилените обувки на „музата“ на „Sky High“, Лејди Гага, се чевлите „армадило“ создадени од покојниот дизајнер Александар МекКвин. Тие се високи 25,5 сантимери.

Ако мислевте дека последните обувки што сте си ги купиле се со висока штикла, помислете уште еднаш.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20963 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.