Со цел континуирано да биде во тек со трендовите, модниот бренд Blanco постојано има нови и нови модни предлози. Најновите тренди комбинации зрачат со оптимизам и разнообразност, а се наменети за преодниот период од лето во есен и студените денови кои нè очекуваат.
Освен што има свежи креации кои ќе го задржат летниот дух, има и парчиња облека кои потсетуваат на шармот на есента. Облеката е едноставна и лежерна, но модните додатоци ја прават да изгледа современо и примамливо.
За дождливите и снежните денови шпанскиот бренд предлага модели со угаснати нијанси на крем и сиво, како и црна и бела боја. Забележливо е и присуството на животински принт.